21 Ноември 2017

Кампања за развој на човечки ресурси во чиј фокус е вработувањето, образованието и еднаквите права

Постојат три важни сегменти кои им овозможуваат на поединците да растат и да имаат поквалитетен живот. Имањето работа, квалитетното образование и еднаквите права се од суштинско значење.

Европската Унија ги поддржува овие сегменти со цел да обезбеди како индивидуален, така и социо-економски раст во земјата.

Со инвестирање на 35,7 милиони евра  преку Оперативната програма за човечки ресурси 2007-2013, на околу 13.000 граѓани им се овозможи да бараат можности за нивно идно вработување.

 

ВРАБОТУВАЊЕ – ПРИВЛЕКУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ВО РАБОТЕН СТАТУС

 

Главната цел на помошта од ЕУ е да се привлечат и да се задржат поединците со нивните можности за работа. Помошта гарантира дека Агенцијата за вработување и нејзините центри низ целата земјата ќе овозможат мерки со кои ќе се зголеми можноста за вработување на невработените, со што би се затворил јазот во побарувачката на пазарот на трудот.  Успешен исход:  13,000 невработени имаа корист и 65% веќе се вработени.

 

ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА – ВЛОЖУВАЊЕ ВО ЧОВЕКОВИОТ КАПИТАЛ ПРЕКУ ПОДОБРО ОБРАЗОВАНИЕ И ВЕШТИНИ

Главната цел на помошта од ЕУ е да се обезбеди квалитетен систем за образование и обука кој е сеопфатен - квалитет и пристап за сите граѓани. Европската Унија го поддржува системот за образование и обука кој поттикнува доживотно учење и развива вештини и компетенции кои се од суштинско значење за развојот на личен и професионален живот. Ова служи како основа за можности за работа. Се поставија 69 нови стандарди за стручно образование и се развија: 58 училишта, обуки за наставници (1044 наставници и 63 директори на училишта), како и Центри за кариера на универзитетите. Сето ова со цел да се исполнат стандардите и потребите на пазарот на трудот.

СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА – ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНАТА ИНКЛУЗИЈА

 

Главната цел на помошта од ЕУ е да се да се спречат и намалат нивоата на социјална исклученост и да се промовира родова еднаквост, како и еднакви можности за сите кои сакаат да се вработат. Инвестиции во социјални сервиси базирани на заедницата, квалитетно образование, обука и вработување за вкупно 2.299 лица кои учествувале во програмите, околу 715 етнички малцинства; 350 лица со инвалидитет и посебни потреби; и други кои вклучуваа 290 млади групации со социјален ризик. Околу 2.225 (683 ромски жени) лица се обучени за различни стручни вештини.

Видео запис од кампањата